Научници тврдат: Мразот се топи со рекордна брзина, нивото на морето не престанува да расте

Дури и светот ја постигне навидум невозможната цел за ограничување на глобалното затоплување на 1,5°C над прединдустриските нивоа, ледените покривки на Гренланд и Антарктикот ќе продолжат незапирливо да се топат, што би можело да предизвика зголемување на нивото на морето за неколку метри и масовни миграции од крајбрежните области, покажува ново меѓународно истражување.

Научниците се обидоа да утврдат која е „безбедната граница“ на затоплување за да преживеат големите ледени маси. Тие анализирале податоци од сателити, климатски модели, ледени јадра, седименти од длабоко море, па дури и ДНК од лигњи.

Заклучокот е загрижувачки. Дури и сегашното ниво на затоплување од 1,2 °C би можело да предизвика брзо повлекување на ледените маси и катастрофално зголемување на нивото на морето, според труд
објавен во списанието „Communications Earth and Environment“ .

Ледените покривки на Гренланд и Антарктик содржат доволно мраз за да го покачат нивото на морето за 213 метри, што е екстремно сценарио, но научниците предупредуваат дека тоа мора да се земе предвид за да се разбере обемот на ризикот.

Од 1990-тите, губењето на мразот се зголеми за четири пати и моментално изнесува 370 милијарди тони годишно. Глечерите денес се најголемиот поединечен фактор што придонесува за зголемувањето на нивото на морето, а годишното зголемување на нивото на морето се дуплирало во последните 30 години.

„На 1,5 степени, не го забавувате покачувањето на нивото на морето – всушност, гледате забрзување“, вели Крис Стоукс, климатолог на Универзитетот Дарам и еден од авторите на студијата.

Околу 230 милиони луѓе денес живеат на надморска височина помала од 1 метар надморска височина. Дури и малите промени во волуменот на мразот „значително ќе ги променат крајбрежјата низ целиот свет“, и ќче предизвикаат раселување на стотици милиони луѓе и штета што го надминува адаптивниот капацитет.

Научниците проценуваат дека до крајот на векот, нивото на морето би можело да се покачи за 1 см годишно, што значи 40 см за само 100 години.

„Ова би значело масовни миграции на населението во размер без преседан во модерната историја“, рече Џонатан Бамбер, глациолог на Универзитетот во Бристол и коавтор на студијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен