„Не ме гледај во очи!”, ѝ викала на цел глас адвокатката на Латас на Ленче Ристоска

Ристоска

Адвокатката на Драган Павловиќ-Латас ѝ се развика на Ленче Ристоска во судница, зашто ја гледала во очи „како демначка”, откако таа како тужителка рече дека Латас ја клевети за финансиска корист.

Ова е насловот со кој онлајн медиумот СДК.мк, сликовито пренесува сцена од судот од парницата којашто започна вчера за клевета и навреда по тужба на обвинителката Ленче Ристоска, за која Латас напишал дека зела 100.000 евра од СЈО и дека немала стаж за да се кандидира за наш судија во Судот за човекови права во Стразбур.

Како што пренесува СДК.мк,  Ристоска кажа дека причината поради која дојде до судска постапка е околноста што не добила извинување од страна на тужениот Павловиќ, туку напротив, продолжил со сè поголеми навреди и клевети против неа.

Адвокатката на Латас рекла дека на Ристоска не ѝ е нанесена штета, не ѝ е ускратено правото да конкурира кај сака, а доказ за тоа е дека деновиве конкурирала за Државен јавен обвинител.

Потоа ја навредила, велејќи дека прави болна инсинуација, а откако судијката прашала дали може без тоа „болна”, адвокатката одговорила „Не” и ѝ се развикала на обвинителката Ристоска: „Што ме гледаш така! Што ме гледаш како стокер (демнач)! Последен пат те предупредувам, не ме гледај во очи!”, викала на цел глас адвокатката на Павловиќ, пренесува СДК.мк.

Зачлени се на нашиот е-билтен