Не се знае каде се дури 348 македонски државјани, Рахмановски не бил пријавен за исчезнат

Исчезнат

Сѐ уште не се знае каде се 348 македонски државјани и државјани на други земји исчезнати во нашата земја. Ова е еден од повеќето можни заклучоци од податоците што ги доби Рацин.мк од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите што ги добивме од МВР, заклучно со 03.02.2026 година, во министерството се регистрирани и по нив се трага вкупно 348 лица кои се пријавени за исчезнати на територија на Македонија.

Лицата од евиденцијата на МВР се пријавени за исчезнати се пријавени од блиски членови на фамилијата, а пријавите се од целата територија на Македонија.

Најголем број изчезнати се пријавени во Скопје, 183. Евиденцијата на МВР понатаму содржи дека во Берово 1, Битола 6, Велес 22, Виница 1, Гевгелија 6, Гостивар 14, Дебар 2, Делчево 1, Кавадарци 5, Кичево 5, Кочани 10, Кратово 1, Крива Паланка 3, Крушево 1, Куманово 16, Неготино 10, Охрид 4, Прилеп 11, Пробиштип 3, Радовиш 2, Ресен 5, Свети Николе 5, Струга 7, Струмица 8, Тетово 13 и во Штип 3.

Инаку, според протоколите на МВР, пријава за исчезнато лице (дете) се поднесува во полициска станица од општа надлежност по место на исчезнување на лицето.

„Потрагата по исчезнатото лице се објавува на локално или централно ниво во зависност од информациите каде би можело да се наоѓа исчезнатиот, а во одредени случаи се распишува и меѓународна објава. МВР презема низа оперативни мерки за пронаоѓање на исчезнати лица. Од прибирање на оперативни информации, преглед на терен, водно и воздушно пребарување и набљудување на терен итн. Потрагата по лицето не престанува до негово пронаоѓање“, велат од МВР.

Македонските медиуми на крајот на јануари, оваа година, пренесоа вест од белгиската полиција според која после дури 23 години во Брисел биле пронајден скелет за кој е утврдено дека е на Реџеп Рахмановски, 27-годишен маж од Северна Македонија, кој во се водел како исчезнат повеќе од 20 години.

Она што е посебно интересно во врска со Рахмановски е дека во МВР на Северна Македонија тој  не бил пријавен за исчезнат.

Половина од исчезнатите во Европа се деца

Според Европскиот центар за исчезнати деца, огромен број лица исчезнуваат секоја година, од кои дури 300 000 се деца ичезнуваат секоја година. Тоа се статистики во апсолутно бројки, нонивната цел е велат да спречат децата да исчезнат или безбедно да ги вратат дома. Инаку во светски рамки според невладините се поголем број деца исчезнуваат и не можат да се следат, што е тренд на модерното општество, а некои стануваат жртви на насилство, експлоатација и трговија со деца.

Во 2023 година македонската јавност беше крајно вознемирена кога се прошири веста дека 14 годишната Вања Ѓорчевска исчезнала на пат кон нејзиното училиште. После 6 дена беше откриено дека е брутално убиена.

Оваа трагедија го покрена прашањето за потребата од систем за брзо алармирање во случаевите на исчезнати лица. Истата година, здружението Новинари за човекови права ја креираше веб страницата „Најди ме“ со поддршка на австриската амбасада во нашата земја. Целта на веб страницата е да овозможи брзо поврзување на МВР и на останатите институции и организации за брзо ширење на информацијата и за прибирање на најрелевантните информации што можат да помогнат исчезнатото пријавени лице да биде брзи пронајдено.

Филип Спировски од Новинари за човекови права објаснува дека откако исчезнувањето ќе биде потврдено од МВР, „Најди ме“ ги објавува податоците за исчезнатото лице по што се вклучуваат сите други алки во системот.

Како партнери во системот се вклучени Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Групацијата на такси превозници на Скопје, Асоцијацијата на хотилиери (ХОТАМ) и Комерцијална банка. Со нивната соработка, информации за исчезнувањето ќе се појават и на банкоматите, на рецепција на хотелите-членки на ХОТАМ, на дигиталните дисплеи во градските автобуси и кај таксистите, преку такси – станиците. Првично воспоставен во САД (под називот „Амберт алерт“), системот постои во повеќе европски држави, а постепено го воведуваат и земјите од регионов. Покрај во Србија, системи за предупредување за исчезнати деца има и во Албанија и во Хрватска, каде е познат како „Нено аларм“.

Зачлени се на нашиот е-билтен