Небезбедни замрзнато месо, јогурт – Што се уништи АХВ во маркетите?

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела извршија 192 вонредни контроли во малопродажни објекти, вклучувајќи мини маркети и продавници за храна.

Целта на контролите беше проверка на исполнетоста на хигиенските стандарди, здравствените барања за вработените, правилното чување на храната под соодветен температурен режим, како и роковите на трајност на производите.

Од АХВ информираат дека 12 објекти не биле регистрирани како оператори со храна, во девет случаи вработените немале извршено задолжителни здравствени прегледи, а исто толкав број објекти не ги исполнувале хигиенските барања за безбедност на храната.

Врз основа на утврдените неправилности, издадени се 30 решенија со задолжителни мерки за отстранување на недостатоците, а изречени се 23 парични казни.

Дополнително, уништени се околу 30 килограми небезбедни производи, меѓу кои замрзнато месо, млечни производи и преработки од месо, како и над 66 литри јогурт, наведуваат од АХВ.

Зачлени се на нашиот е-билтен