Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Неготинци се простија од 22-годишната Фросина Кулакова

На градскиот плоштад во Неготино, бројни граѓани денеска ѝ оддадоа последна почит на 22-годишната Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Таа вчера беше прегазена на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, додека поминувала на пешачки премин. Возилото управувано од 20-годишник, кој бил под дејство на алкохол и без возачка дозвола, со брзина од 130 километри на час поминало на црвено.

По нејзиниот погреб, во Неготино се одржува протест, каде граѓаните бараат одговорност и посериозни мерки за безбедност во сообраќајот.

Зачлени се на нашиот е-билтен