Неплатениот доспеан долг на државата кон приватниот сектор скоро 241 милиони евра

Доспеаниот а неплатен долг на државата кон “физички лица“ за три месеци е зголемен со “најголемо“ темпо додека долгот на државата кон приватниот сектор достигна  241  милиони евра со зголемување од 40 милиони евра за три месеци, пишува Порталб.мк. Најголемиот должнички износ од 124 милиони евра е по основ на комунални услуги, греење, комуникации.

Според висината на побарувањата од државата, прв на листата е  јавниот сектор односно тоа е внатрешниот меѓу-институционален долг кој на крајот од март достигна  369,3 милиони евра. Долгот на државата кон “јавниот сектор“ во однос на последниот квартал од лани е намален за 16,6 милиони евра. Но доспеаните а неплатени обврски на државата кон приватниот сектор, кон физичките лица и кон странство се зголемува. Само за три месеци, или на крајот од првиот квартал од годинава во однос на последниот од лани, доспеаните а неплатени обврски кон приватниот сектор (здруженија на граѓани, непрофитни организации) достигнаа речиси 241 милиони евра.

“Порталб“ направи споредба на долговите со состојба на крајот од декември, лани,  и податоците покажуваат дека за три месеци обврските на државата кон приватниот сектор  се зголемени за дури 40 милиони евра.

Доспеаните а неплатени обврски кон странство на крајот на март годинава надминаа 38, 8 милиони евра што е за 2 милиони евра повеќе во однос на состојбата на крајот од декември, лани. 

Долгот на државата кон физички лицадостигна 2,7 милиони евра и за три месец е зголемен за скоро половина милион евра.  Процентуално во однос на претходната состојба, долгот кон физичките лица е зголемен со највисока стапка.

                                   Доспеан долг на државата кон коминтенти

                                                                          1 К /25                   4 К/24

Приватен сектор, здруженија           240 925 000 е             201 209 000 е

Јавен сектор                                           369 300 000 е            385 977 400 е

Обврски кон странство                         38 880 000 е               36 842 500 е

Физички лица                                            2 721 000 е                  2 238 500 е   

Извор: МФ

По кој основ и за што должи државата …

Највисоки износ на дол на државата се  кон комуналните, енергетските и телекомуникациските компании, односно доспеаните а неплатени обврски по основ на комунални услуги, греење, транспорт, комуникации достигнаа 124 милиони евра. Доспеаниот а неплатен долг по основ на главнина до други нивоа на власт надмина 88,5 милиони евра.

                                    Доспеан долг ( 1 к/25)

Комуналии, греење, комуникации                           124 100 000 е    

Главнина до други нивоа на власт                              88 552 000 е   

Градежни објекти и работи                                          46 200 000 е

Други тековни расходи                                                  70 753 000 е

Договорни услуги                                                            51 250 000е                  

Каматни плаќања                                                             16 667 000 е

Извор : МФ

По основ на градежни објекти и други градежни работи доспеаниот а неплатен долг изнесува скоро 46,2 милиони евра а износот на доспеаните каматни плаќања по сите основи е 14,6 милиони евра. По основ на “други тековни расходи“ државата должи 70,7 милиони евра а за “договорни услуги“ 51,3 милиони евра. На крајот на првиот економски квартал “внатрешниот “ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра и за три месеци , како што објави Порталб е зголемен за 25,5 милиони евра.  

Зачлени се на нашиот е-билтен