Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нерешено, што лесно можеше да биде и победа против Унгарија

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено, 27:27 против Унгарија во првото коло од Светското ракометно првенство.

Во Вараждин, македонските ракометари покажаа дека може да се носат и против фаворизираната Унгарија и имаа контрола врз поголемиот дел од натпреварот.

Унгарија, пред почетокот на првенството, важеше за фаворит во групата, во која исто така се наоѓаат и Холандија и Гвајана.

Со нерешениот резултат, Македонија си отвори можност во главната фаза од натпреварувањето да пренесе поени, откако претходно Холандија со 17 гола разлика ја победи Гвајана, која е аутсајдер во групата.

Најдобар играч на натпреварот беше прогласен Филип Кузмановски кој постигна 9 погодоци.

Следниот натпревар Македонија го игра против Холандија на 17 јануари, а последниот натпревар од прелиминарната фаза ќе биде против Гвајана на 19 јануари.

Зачлени се на нашиот е-билтен