Иако просечната нето-плата во јуни 2025 достигна 45.468 денари – зголемување од 8,4% во однос на јуни лани – месечната динамика покажува студена туш за дел од економијата. Финансиските дејности и осигурувањето, трговијата и транспортот забележаа пад на исплатената нето-плата во споредба со мај, што упатува на притисоци во сектори клучни за потрошувачката и логистиката.
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 проценти и Рударство и вадење камен за 12.2 проценти.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7.5 проценти, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4.3 проценти и Транспорт и складирање за 2.1 процент.
Во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 68 340 денари.