Нова државна позајмица – За камати ќе се платат 6,2 милиони евра

Државата издаде две тригодишни обврзници со вкупна вредност од 62,9 милиони евра, за кои граѓаните ќе платат 6,2 милиони евра само за камати. Каматната стапка на помалото задолжување изнесува 3,65%, а на поголемото 3,9%.

Првата обврзница е со вредност од 10,9 милиони евра и носи годишен принос од 3,65%. Ова значи дека секоја година ќе се исплатуваат 132.547 евра камата, односно вкупно 397.640 евра до 2028 година.

Втората обврзница изнесува 52,02 милиони евра, со камата од 3,9%. Тоа значи дека годишно ќе се плаќаат 2,029 милиони евра камата, или вкупно 6,086 милиони евра за три години.

На 17 февруари 2028 година, Министерството за финансии ќе треба да врати вкупно 69,14 милиони евра, од кои 62,9 милиони се главница, а 6,2 милиони камати – товар што паѓа врз даночните обврзници.

Извор Фактор

Зачлени се на нашиот е-билтен