Денеска не очекува претежно облачно и студено време со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините – од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој локално може да надмине 70 км/ч, информираат од УХМР.
Температурите ќе се движат од 2 до 8 степени во утринските часови, додека дневните ќе достигнат од 5 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично – облачно и студено со врнежи од дожд, а до крајот на денот во повисоките делови можно е мешани врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен северен ветер, со температури од 7 до 8 степени.
Во понеделник ќе продолжи студеното време со променлива облачност и повремен слаб снег, особено на повисоките места. Од вторник следува стабилизација на времето, но со негативни утрински температури и постепен пораст на дневните.