Обновено е култното катче зад полициската станица Беко – урбаниот парк доби ново име

Обновено е култното катче зад полициската станица Беко

Обновено е култното катче зад полициската станица Беко. Скопје доби обновен урбан парк во центарот на градот – просторот зад полициската станица Беко, сега познат како Пелин-Парк, е целосно уреден и повторно отворен за граѓаните.

Во рамките на проектот се обновени и поставени нови елементи на урбана опрема, а просторот доби и целосно ново хортикултурно уредување со растенија соодветни за условите на локацијата. По подолг период, повторно е ставена во функција и чешмата за вода.

Еден од највидливите сегменти на уредувањето е големиот мурал со површина од над 100 квадратни метри, нацртан на фасадата на зградата до паркот. Автори се познатите графити артисти Драган Китановски – Драш, Марјан Димиќ – Мачка и Миро Грчев – Микс, кои создадоа дело што дополнително го збогатува визуелниот идентитет на просторот.

Отворањето на паркот неодамна беше одбележано со маалска дружба, настан со музика и активности за посетителите. Со новото уредување, Пелин-Парк повторно станува препознатливо место за одмор и дружење. Проектот го реализираше компанијата Бадел 1862, под капата на брендот Пелинковац, во соработка со Општина Центар.

ПР Објава

Зачлени се на нашиот е-билтен