Обвинителството поднесе барање за продолжување на мерката краткотраен притвор за 16 лица, кои се опфатени во постапката. Основниот суд во Кочани веќе донел одлуки за продолжување на притворот од 48 часа за десет од овие лица, додека за останатите шест се уште се чека одлука.
Меѓу лицата за кои Обвинителството бара продолжување на притворот се и ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Дополнително, по предлог на Обвинителството, вчера беше одреден 48-часовен краткотраен притвор за уште две лица, така што вкупниот број на притворени лица се искачи на 16.