Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Обвинителството ќе преземе дејствија и проверки за интервјуто на Латас кај Лазаров

Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје достави известување за настанот за кој говори Драган Павловиќ-Латас во интервју на јутуберот Стефан Лазаров, емитувано на 15 февруари, информираат за МИА од скопското ОЈО.

Оттаму посочуваат дека надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки.

Во исто време, и МВР информира дека поднело известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со објавеното интервју како подкаст на Јутјуб канал.

– Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување, се наведува во соопштението на МВР.

Во интервјуто, кое од вчера интензивно се споделува на социјалните мрежи, Павловиќ-Латас раскажува како на 15-годишна возраст тој и неколку негови другари злоставувале девојка.

Зачлени се на нашиот е-билтен