Од 1952 година охридскиот аеродром бил дивоградба, од денеска започнува голема реконструкција

охридскиот

Денеска почнува реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Станува збор за прва поголема реконструкција на аеродромот откако е изграден во 1952 година, откако последните помали интервенции беа направени со модернизацијата во 2011 година.

Според надлежните, реконструкцијата треба да овозможи подобрување на условите и зголемување на бројот на летови и патници. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски претходно изјави дека објектот до скоро не бил целосно легализиран, што претставувало пречка за развој.

„Почнуваме со реконструкција на аеродродмот во Охрид, прва реконструкција од тој тип од неговото градење. Инаку до скоро беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата да еден од двата аеродроми да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цела инфраструктура. Но, тоа е завршено и следно е реконструкцијата што ќе донесе повеќе летови и патници и очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис делот да доаѓа во Скопје”, рече во февруари оваа година Николоски во интервју за Пари.мк.

Охридскиот аеродром во моментов опслужува десетици дестинации, претежно сезонски, главно кон европски градови. Со реконструкцијата се очекува да се зголеми атрактивноста на аеродромот и да се привлечат нови авиолинии.

Прес службата на Владата извести дека и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на започнување на реконструкција на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Зачлени се на нашиот е-билтен