Од Давос за гледачите на ТВ Илузија во Македонија се јави Христијан Мицкоски

Не знам дали некому од вас му значеа јавувањата Мицкоски од Светскиот економски форум со поздравот „Добар ден Македонијо од овде од Давос“, во изминатите три дена, но поважно на крајот да резимираме кои се придобивките од тридневниот престој на нашиот премиер во швајцарскиот град.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Премиерот известувач од Давос Христијан Мицкоски, денеска се враќа во Македонија. Во неговото последно јавување порача: „Утре се гледаме во Скопје“.

Не знам дали некому од вас му значеа јавувањата од Светскиот економски форум со поздравот „Добар ден Македонијо од овде од Давос“, во изминатите три дена, но поважно на крајот да резимираме кои се придобивките од тридневниот престој на нашиот премиер во швајцарскиот град. Во истиот тој град во кој паралелелно со јавувањата на Мицкоски од местото на настанот, престојуваа светските лидери, држеа историски говори и го исцртуваа новиот светски поредок.

Е токму во тој град, на тие настани, нашиот премиер известуваше за неговиот престој и средби од кои од највисок ранг беше онаа со американскиот се за ТВ Илузикретар за енергетика Крис Рајт.

А во првото јавување од „лице местото“ нашиот известувач најави „бројни состаноци коишто значително ќе влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции“.

Учесник ќе бидам на (дури) три панели, информираше известувачот, на коишто ќе ги презентирал можностите за инвестирање во Македонија и истовремено ќе остварел и бројни билатерални средби со многу компании од светот.

„Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета во Давос“, така го одјави првиот ден нашиот известувач од Давос.

И добро тргна, со панел за енергетика, заедно со американскиот еекретар за енергетика, Крис Рајт, дијалог за инвестиции и нови порти за развој.

Ама толку, ништо повеќе како детали за „дијалогот за инвестициите и за новите порти за развој“. Ама добро звучи за ТВ Илузија Македонија од Давос.

Вториот ден имал многу успешни и инспиративни средби со голем број на мултинационални компании, теми коишто беа опфатени се темите од областа на енергетиката, здравството и високата технологија. Од наша страна биле претставени можностите за инвестиции во Македонија, нешто што ќе значи додадена вредност за македонските компании.

Пак звучи фино, ама кога ќе ја видите фотографијата од панелот, илизијата наместо да се зајакне, спласнува.

Оваа фотографија воопшто не е ниту блиску на „буквално светското водство во енергетскиот бизнис, компании коишто доаѓаат од сите континенти“.

Некој ќе рече, да не претерувате, па сепак е премиер во прашање. Сепак да, ама наше право е да се запрашаме дали претставниците на „буквално светското водство во енергетскиот бизнис, компании коишто доаѓаат од сите континенти“ имаат име и презиме, имаат ли функции, за кои „компании коишто доаѓаат од сите континенти“ станува збор.

Или треба да биде доволно што нашиот известувач од местото на настанот и тоа ни го кажал?!?

Следниот ден, средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија.

Ај што со тој господин се видоа којзнае колку пати во Македонија и Унгарија, ај што веќе е завршена зделката надвор од сите стандарди и протоколи за влез на странски инвеститор, особено во телекомуникациите, туку зошто и средба во Давос?!? Морало да се пополни агенда па „дај што било“. Да има за што да извести репортерот Мицкоски од Давос?!? Всушност, нема потреба од прашалниците и извичникот. Немало што да се извести.

И на крајот: Билатерална средба со Борјана Кришто којашто е претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина.

И толку. Без ни најмала намера да ја минимизираме Кришто и БиХ, но предмет на опсервација на овој текст е известувачот од Давос за Македонија, кој патем, е претседател на Владата, како и неговата агенда на најскапиот настан на светот.

И во завршницата, во одјавата од известувањата од Давос, повторно празни зборови и фрази: многу билатерални средби (со кого?!?), со мултинационални компании коишто навистина значат многу во делот на бизнисот во светот (со кои и зошто?!?).

И на крајот, за првпат (ова као е нешто многу важно дека е за прв пат) на панелот ги прзентирал за нас клучните проекти, а тоа се Бошков Мост и Чебрен и Галиште.

Нашиот известувач од Давос се убедува сам себе си дека е „Убеден дека истите привлекоа големо внимание кај голем број инвеститори“.

„Убеден“ е тоа со коешто се враќа нашиот известувач од Давос, кој денеска се враќа во Скопје за да ја продолжи својата работа како претседател на Владата. Тоа е придобивката од Давос за која што се прашавме на почетокот на овој текст.

Зачлени се на нашиот е-билтен