Од денеска, во Скопје може да се изнајми електрична кола за движење низ градот по ист принцип како рентање електричен тротинет. За почеток, на располагање ќе бидат ставени 100 електрични коли. Изнајмувањето ќе чини 22 денари за километар, а сите скопски општини обезбедија паркинг простор за паркирање на овие возила.
За користење треба да се симнат мобилната апликација avant2Go.mk, преку која може да се плати и да се изнајми возило.
Проектот го спроведува приватна фирма, а беше промовиран од министерот за животна средина Изет Меџити и министерката на енергетика Сања Божиновска.
„Споделување на автомобил значи намалување на бројот на возила во градот, како и намалување на загадувањето бидејќи станува збор за електрични возила. Еискуството од европските градови покажува дека едно вакво возило заменува 10-15 приватни возила. Користењето на овие возила го намалува притисокот за купување на второ или трето возило во семејството. Овој проект е во целосна усогласеност со проектот за зелена агенда“, рече министерот Меџити.