Од ДУИ за ТВ 24: Лажна вест е дека Ахмети ќе си поднесе оставка

Али Ахмети

Лажна вест е дека лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе си поднесе оставка, велат од ДУИ за ТВ 24 по информацијата на порталот “Фол” дека Ахмети се подготвува за оставка.

“НАИ под водство на Ахмети на овие избори освои повеќе од 23 000 гласови на национално ниво од Вреди и е победник на изборите. Денеска на ЦП на партијата ќе се анализираат резулататите и ќе се прави стратегија за вториот изборен круг. По состанокот ќе се обрати лидерот на ДУИ Али Ахмети, вели за ТВ 24 потпретседателот на партијата Арбер Адеми.

Претходно денеска медиумите пренесоа информација од порталот Фол.мк на албански јазик, кои се повикаа на извори од ДУИ дека Али Ахмети размислува за повлекување од политиката.

Зачлени се на нашиот е-билтен