Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од полноќ поскапува дизелот, бензините остануваат со истите цени

Цената на дизелот од полноќ ќе се зголеми за половина денар, со што литар ќе чини 71 денар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 70,5 денари, што е зголемување од еден денар. Цените на еуросупер БС-95 и БС-98 остануваат непроменети – 79 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја донесе оваа одлука денеска, со што малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,46 отсто.

Дополнително, малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,058 денари по килограм, достигнувајќи 45,823 денари.

Зачлени се на нашиот е-билтен