Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од први јануари сите таблички мора да имаат ознака НМК

Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ја заменат старите регистарски таблички со нови, кои ќе ја носат ознаката НМК, пред истекот на рокот, 31 декември 2024 година.

Од 1 јануари 2025 година, сите возила кои сѐ уште ќе имаат таблички со ознаката МК или со таблички кои не ја содржат новата ознака НМК, ќе треба да ги заменат со нови. Во случај да не успеат да го направат тоа, ќе имаат можност да залепат налепница со ознаката НМК на постојните таблички, но и оваа опција мора да се заврши најдоцна до 31 декември.

Министерството ги повикува граѓаните да не го одложуваат овој процес и да го завршат навремено за да избегнат проблеми. Налепниците со ознаката НМК се достапни во сите станици за технички преглед низ целата земја.

Зачлени се на нашиот е-билтен