Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Одбележани 80 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, денеска беа одбележани 80 години од стрелањето на 12 младинци за време на Втората светска војна.

Во изјава за медиумите, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека после 80 години од овој грозоморен чин на убиството на 12 млади ваташки деца, денес болката е сè поприсутна и споменот е сè поприсутен.

– Наша должност е овој грозоморен чин што пред 80 години го извела тогашната бугарска фашистичка влада, никогаш повеќе да не се случи. Токму затоа сме тука, да сочувствуваме со семејствата на 12-те загинати младинци и да испратиме порака, оваа крвава страна од историјата никогаш повеќе не смее да се повтори, нагласи министерката.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за медиумите рече дека во чест на младинците, општината Кавадарци изготви 12 бисти. Денеска бистите беа свечено откриени, а се отвори и спомен соба во чест на децата кои биле стрелани.

Историски час одржа историчарот Мики Камчевски, а беше изведена и културно уметничка програма. Бројни делегации положија цвеќе во спомен на загинатите младинци. 

Зачлени се на нашиот е-билтен