Охриѓанец признал дека запалил глисер на својот брат – пожарот зафатил зграда и автомобил

Охридската полиција задржала лице од градот, осомничено дека предизвикало пожар на глисер во сопственост на неговиот брат, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот не завршил само со уништување на пловилото – огнот се проширил и зафатил дел од станбена зграда и едно патничко возило.

Осомничениот, идентификуван со иницијалите З.С., во службен разговор го признал делото. Од МВР додаваат дека тој е задржан во полициска станица и дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Зачлени се на нашиот е-билтен