Според Центарот за управување со крици, во текот на март оваа година, заклучно со 21 март на територијата на Македонија имаше вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери.
Од нив шумски пожари беа 23 додека во останатите 461 пожар на отворен простор гореа висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума како и ѓубришта, вели статистиката на ЦУК.
Како илустрација, само во петокот (21.03.2025 година) имало вкупно 28 пожари на отворен простор.
Безмалку сите пожари започнале од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично).