Општина Центар ја исчисти дивата депонија во Крњево

Општина Центар соопшти дека дивата депонија кај игралиштето во населбата Крњево е целосно отстранета. Реакцијата следеше по дојава од граѓанин, а теренот веднаш бил расчистен од општинските служби.

Градоначалникот Горан Герасимовски изјави дека брзите интервенции се доказ за заложбата Центар да остане чиста и безбедна општина.

„Навремено и систематски реагираме на секоја појава што ја загрозува јавната чистота. Наш приоритет е хигиената и создавање услови за здрава средина за сите жители. Ги охрабрувам граѓаните и понатаму да пријавуваат вакви случаи за навремена интервенција“, рече Герасимовски.

За пријави на смет и диви депонии, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 076/350-767 и 02/3203-693.

Од Општината потсетуваат дека во изминатиот период се исчистени и неколку други диви депонии – зад трговскиот центар „Буњаковец“, во близина на амбасадата на Грција и кај „Ист Гејт Мол“.

Зачлени се на нашиот е-билтен