Орбан ја соопшти утешната награда за Македонија до интеграцијата во ЕУ

На заедничката прес конференција со премиерот Мицкоски после меѓувладината седница во Будимпешта, на новинарско прашање како Унгарија би можела да ја мотивира земјава да остане на евроинтеграцискиот пат, Орбан рече:

„Тоа што можеме да го направиме како земја членка на ЕУ е потесно да соработуваме со Македонија во економијата, политиката, трговијата, културата, полициската соработка. Ова нема да биде замена за интеграцијата, туку може да се смета како утешна награда за интеграција за на овој начин да им обезбедиме можност за изградба на еден заеднички регион со Србија и Северна Македонија“.

Ова е спротивно на сите постапки на Унгарија под власта на Виктор Орбан зашто е познато дека Будмпешта стави вето на сите одлуки на ЕУ поврзани со Украина, а на новинарско прашање „зошто не ја користи моќта во ЕУ за да и помогне на Македонија во нефер односот кој и е сервиран со декади заради билатерални прашања рече: „Не можеме да ја преценуваме моќта на Унгарија во ЕУ“.

Со оваа овие изјави премиерот на Унгарија само го потврди она што го тврдат регионалните аналитичари дека Унгарија креира политики за доминација на Западен Балкан надвор од долгорочните стратегии на ЕУ

Тоа особено дојде до израз минатата година кога од 1 јули Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ под официјалната парола „Да ја направиме Европа повторно голема“.

Создавањето поблиски врски со земјите од Западен Балкан е дел од поширокиот пристап на Унгарија кон југоисточното отворање, чија цел е да ги развие трговските и инвестициските врски со источните земји. Иако Србија останува најблискиот сојузник на Унгарија, премиерот Виктор Орбан воспостави силни политички и економски врски со Северна Македонија и со ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина.

Зачлени се на нашиот е-билтен