Османи и Адеми за Рамазан Бајрам го посетија семејството на Бектеши додека тој е во притвор

„Денес е вистинскиот ден да покажеме дека не само Крешник, туку и целото семејство Бектеши ја има нашата поддршка.

Не само затоа што е вистински пријател, не само затоа што е дел од нашето семејство, туку затоа што е неправедно обвинет и уште понеправедно одвоен од семејството.

Крешник е силен, храбар и пред сè, фер човек – па со нетрпение очекуваме да го видиме наскоро!“, објавија Бујар Османи и Арбер Адеми по повод посетата на семејството на Крешник Бектеши во знак на поддршка додека поранешниот министер за економија е во ефективен 30-дневен притвор во врска со издадената лиценца на дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во домот на Бектеши тие беа примени неговата сопруга и деца, како и родеителите на Бектеши, кои ги пречекаа согласно традицијата на празникот Рамазан Бајрам

Зачлени се на нашиот е-билтен