Денеска пред Судот во Тетово беше оставен противпожарен апарат од страна на млади лица од иницијативата „Нула“.
Како што велат, со ова се потенцира важноста од потреба за правда во трагедии кои се случиле во градот и државата.
Тие велат дека ПП апаратите се потребни затоа што објектите во државата лесно страдаат во пожари, а важна задача што обвинителите и судиите ја имаат е да ја разоткријат вистината.
„Да ги изведат пред правдата и да ги стават зад решетки, вистинските виновници и тие што се одговорни за трагедијата во Кочани, каде што загинаа 59 млади. За пожарот во модуларната болница во Тетово каде што загинаа 14 наши граѓани. За несреќата со Беса Транс во Бугарија каде загинаа 45 граѓани, за несреќата со Дурмо Турс во Ласкарци, каде што загинаа 16 граѓани и за многу други трагедии што за жал немаше никаква казна до ден денес. Исто така, ваша должност е да ги изведете пред одговорност и судиите и обвинителите кои ја кочеле правдата во овие и во многу други случаи. Граѓаните во оваа држава сакаат да имаат вистинска правда и сакаат да гледаат правда што вистински функционира. Пред да бидат принудени сами да ја земат правдата во своите раце“, изјави Бленди Ходаи.