Државниот инспекторат за транспорт извршил 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена при што неправилности се утврдени кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни.
Од Министерството за транспорт информираат дека инспекциските надзори биле спроведени согласно нивниот Акциски план и дека за утврдените неправилности ќе бидат информирани Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, со цел нивно натамошно постапување.
Инспекторатот ги соопшти 11-те правни лица за кои е констатирана неправилност и за кои се изречени казни: Дурмо турс од Гостивар; Дени интернационал од Илинден; Свис мак алигега од Гостивар; Зем промет – компани од Сарај; Словин Билјана од Охрид; Бис од Охрид; Пештер ДОО од Чаир, Димитриоски од Гази Баба; Хисари-ГД од Дебар; Инком бизнис од Куманово и Палас експорт-импорт од Гостивар.
Покрај овие 11 правни лица, биле констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока.
Државниот инспекторат за транспорт најави дека од утре инспектори ќе спроведуваат секојдневни интензивни инспекциски контроли над превоз на патници и стока, проверка на документи (лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возач, тахографи), надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување нелегален превоз.