Отворена веб-платформа за помош на повредените во пожарот во Кочани

Неколку млади лица од Кочани најавија нова веб-страница која ќе овозможи побрза и поедноставна донација за повредените лица што се лекуваат во странство.

На страницата се достапни информации за индивидуални сметки на децата повредени во трагедијата што го погоди Кочани, објавени со доброволна согласност од нивните родители или блиски.

Поради итноста на ситуацијата, моменталната веб-страница е привремена, а тимот активно работи на нејзина подобрена верзија. Редовно ќе се објавува вкупната сума собрана за секое лице поединечно, за да се насочат идните донации кон оние на кои им е најпотребно.

Во моментов, донациите од странство не се овозможени, но тимот работи на решение за ова прашање. Одлуката за креирање на платформата е донесена откако на социјалните мрежи се појавија бројни апели за помош.

Зачлени се на нашиот е-билтен