Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ова се болестите што ги предизвикува загадениот воздух

Според Светската здравствена оргазнизација (СЗО), честичките и другите загадувачи во воздухот може да предизвикаат воспаление на дишните патишта и белите дробови, да го ослабат имунолошкиот систем и да го намалат нивото на кислород во крвта.

Таквата изложеност може да доведе до респираторни инфекции, срцеви заболувања, мозочен удар и рак на белите дробови, особено кај ранливите групи како што се децата, постарите лица и луѓето со ниски примања, додава СЗО.

На пример, озонот ја влошува астмата, додека азот диоксид и сулфур диоксид придонесуваат за астма, бронхијални симптоми, пневмонија и намалена функција на белите дробови.

СЗО, исто така, вели дека лошиот квалитет на воздухот го зголемува ризикот од раѓање на мртво дете, спонтан абортус и невролошки состојби како што се когнитивно оштетување и деменција.

Според проценките на СЗО, загадувањето на воздухот предизвикува седум милиони смртни случаи годишно – 4,2 милиони од надворешно загадување и 3,8 милиони од внатрешни извори, како што се согорувањето на дрва и јаглен.

Податоците на СЗО покажуваат дека скоро 85 отсто од овие смртни случаи се поврзани со незаразни болести, вклучувајќи срцеви заболувања, мозочен удар, рак на белите дробови, астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и дијабетес, што го прави загадувањето на воздухот втора водечка причина незаразни болести во светот, после тутунот.

СЗО, исто така, забележува дека 90 отсто од смртните случаи од загадувањето на воздухот на отворено се случуваат во земјите со низок и среден приход.

Неодамна, УНИЦЕФ во Европа и Централна Азија објави нов документ за политики во кој истакна дека во 2021 година, над 5.480 доенчиња во 23 земји и територии низ Европа и Централна Азија починале од причини поврзани со аерозагадувањето.

Според УНИЦЕФ, во Северна Македонија, смртните случаи на новороденчиња кои се поврзани со загадениот воздух сочинуваат 11,6 отсто или 1 од 9 смртни случаи на деца на возраст до една година.

Зачлени се на нашиот е-билтен