Пад на домашниот пазар ја забави индустријата – растот на прометот во март изнесува само 1,8%

Вкупниот промет во индустријата во март 2025 година бележи умерен раст од 1,8% споредено со март лани, соопшти Државниот завод за статистика. Иако вкупниот резултат е позитивен, падот на прометот на домашниот пазар од 7,1% значително ја влече индустријата надолу.

Спротивно на тоа, прометот на странските пазари е зголемен за 3,4% во истиот период.

Најмногу пад во машинската индустрија
Во рамки на вкупниот промет, најголем раст е забележан кај:

Производство на метали: +8,8%

Производство на прехранбени производи: +5,3%

Од друга страна, најголем пад е регистриран кај:

Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место: -10,7%

Прометот според индустриски групи:
Во март 2025 споредено со март 2024:

Интермедијарни производи (освен енергија): +4,9%

Трајни производи за широка потрошувачка: +0,6%

Нетрајни производи за широка потрошувачка: +2,1%

Капитални производи: -0,1%

Квартален преглед:
Вкупниот промет во индустријата во првиот квартал од 2025 е зголемен за 2,9% во однос на истиот период од 2024.

На домашниот пазар кварталниот пад изнесува 4,4%, додека на странските пазари е регистриран раст од 4%.

И покрај растот на вкупниот промет, резултатите укажуваат на внатрешна слабост на индустриската побарувачка во земјава.

Зачлени се на нашиот е-билтен