Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Падот од 2 поени ја турна Македонија за 12 места подолу на индексот за корупција

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави. 

Со 40 индексни поени, што е за три под просекот од 43, земјава ја дели 88 позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам. 

Двата поена помалку од рангирањето на 2023 година, ја турнаа Северна Македонија за 12 места подолу во однос на 2023 кога нашата држава беше на 76 место.

Кога ќе се споредат графиконите видливо е дека од 2019 година Македонија одеше само нагоре во справувањето со корупцијата, сѐ до 2024

Бидејќи Индексот за корупција се базира врз перцепција, тоа значи дека граѓаните мислат оти борбата против корупцијата што ја води новата влада е полоша од онаа на претходните, или дава полоши резултати.

Графикон за индексот на корупцијата во Македонија од 2012

Од соседите, Албанија и Косово ја претекнаа Македонија во борбата против корупцијата. И тоа со големи чекори. Албанија оди брзо нагоре на скалата за борбата против корупцијата. Во Индексот за 2023 беше на 98 место, а сега е на 80 место со 42 поени. Тоа значи дека во Индексот за 2023 Албанија беше  дури 22 места зад Македонија, а сега е осум места пред неа.

Косово е уште погоре, има 44 поени и се наоѓа на 73. место, десет позиции погоре. Во 2023 и Косово беше зад Македонија седум места. Црна Гора е најнапред од сите земји на Западен Балкан – 65 место во 46 поени.

Србија е е многу долу – се наоѓа на 105 место со 35 поени, една позиција подолу од лани, а Босна и Херцеговина е уште подолу, на 114 место со 33 поени. Лани беше на 108 место.

На прво место како и лани е Данска со 90 поени, втора е Финска, па Сингапур, Нов Зеланд, Луксембург, Норвешка…

Зачлени се на нашиот е-билтен