[Видео] Пајак служба одби да подигне луксузно возило на полицаец, граѓаните побеснеа

Група граѓани во скопско Дебар Маало успеаја да ја издејствуваат интервенцијата на пајак службата која, по почетната одлука да не го подигне луксузното возило, го отстрани неправилно паркираното возило од велосипедската патека во скопската населба Дебар Маало.

Инцидентот започнал кога возилото, паркирано сред велосипедска патека пред ресторан, предизвикало револт кај минувачите. Проблемот се засилил кога пајак службата, по долга расправија, почнала да објаснува дека станува збор за службено возило на полицаец, и дека сопственикот бил на должност.

Иако полицаецот присутен на местото се обидувал да ја оправда одлуката да не се отстрани возилото, на крајот, по консултациите по телефон и по упорноста на граѓаните, дал зелено светло: „Кревајте го“. Тогаш, пајак службата го подигнала возилото.

Од Паркинзи на општина Центар потврдија дека се работи за автентичен настан кој се случил на 22 март годинава и дека прекрителот платил казна од 3500 денари. Според нив пракса било кога има полицаец во возилото вработените на ПОЦ да слушаат наредби на полицаецот.

Зачлени се на нашиот е-билтен