Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Паметните часовници ќе спасуваат животи: Автоматски повици до 112

Центарот за управување со кризи (ЦУК) го унапредува системот за итни повици, воведувајќи нова функционалност – автоматски повици до 112 преку „паметни часовници“. Со оваа иновација, граѓаните добиваат уште побрза и поефикасна услуга во случаи на итност.

Системот 112, кој беше воведен во март 2022 година, сега е интегриран со паметните уреди. Ако часовникот детектира губење на пулс или пад, автоматски ќе повика помош и ќе испрати точни GPS-координати до ЦУК, без да биде потребна рачна интервенција.

„Интеграцијата на паметните уреди со системот 112 овозможува значително побрза реакција во животно-загрозувачки ситуации, благодарение на автоматското испраќање на податоци до службите за итна помош,“ изјавуваат од ЦУК.

Системот е дизајниран да биде достапен за сите граѓани, вклучувајќи и лица со посебни потреби, како што се глувонемите, кои ќе можат да испраќаат текстуални пораки со локациски координати. Дополнително, „и-кол“ модулите во возилата, кои автоматски алармираат при сообраќајни несреќи, се исто така дел од интеграцијата.

Со постојаните надградби, ЦУК ја зацврстува својата мисија – обезбедување брза, точна и достапна помош за сите граѓани. Паметните технологии сега не само што го олеснуваат секојдневието, туку и спасуваат животи.

Зачлени се на нашиот е-билтен