Пандов стана биткоин-милионер

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори го поттикна растот на американските берзи, доларот, и криптовалутите. Најпознатата криптовалута, биткоинот, денеска достигна рекордна вредност од над 100.000 долари, достигнувајќи 103.225 долари по единица.

Овој раст донесе значителен профит за директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Во својот имотен лист поднесен до ДКСК, тој пријавил дека поседува 10 биткоини, проценети на 600.000 евра во моментот на пријавувањето (по 60.000 евра за еден биткоин).

Со новата рекордна цена на биткоинот, неговите 10 биткоини сега вредат околу 1.032,225 евра.

Заработката го става Пндов во редот на најпрофитабилните македонски сопственици на криптовалути за оваа година.

Зачлени се на нашиот е-билтен