Панел-дискусија „Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација“

Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) организира панел – дискусија на тема: „Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација“, која ќе се одржи денеска, на 18 декември 2024 година (среда), во хотелот Лимак во Скопје, со почеток во 12 часот.

Како што најави организаторот, панелисти ќе бидат Лимко Бејзароски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Билјана Георгиевска, директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, Славица Анастасовска од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Сара Миленковска од коалицијата Маргини.

-Тие ќе ги претстават клучните наоди од нивните анализи на оваа тема.  По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните на панел-дискусијата, соопшти ИМА. 

Зачлени се на нашиот е-билтен