Папазов за ИМА: Не бегам никаде, но не сакам да соопштувам официјални работи

Институтот за медиуми и аналитика ИМА стапиле во контакт со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов кој рекол дека не сака да дава никакви изјави додека не заврши истрагата.

„Додека не заврши истрагата не сакам официјални работи да соопштувам… Нека заврши истрагата, нека заврши целиот процес. Тука сум, не бегам никаде. И бев на местото на настанот“, изјави Папазов за ИМА.

Тој сепак потенцирал дека се појавил на местото на настанот уште во раните утрински часови.

ИМА го поставува прашањето зошто Папазов дава изјави само пред обвинителите, но не и пред новинарите и јавноста, со оглед на тоа што неговата оставка сè уште не е прифатена, и како избран функционер сè уште има должност да ја информира јавноста за прашања од јавен интерес.

Пред да објави на социјалните мрежи дека ќе дава оставка, Папазов за порталот СДК.мк рекол дека одговорите на прашањата кој ја дал дозволата за работа на дискотеката ќе ги кажел на прес-конференција, која се уште не е одржана.

Зачлени се на нашиот е-билтен