Во Естонија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои фаворит е владејачката Реформска партија на премиерката Кала Калас, а најголем предизвик ќе биде десничарската партија ЕКРЕ, која се противи на натамошното прифаќање бегалци од Украина.
Според премиерката, гласачите треба да изберат меѓу „два сосема различни патишта за Естонија“.
„Би рекла дека поддржуваме отворена, пријателска, модерна земја која размислува на европски начин, а ЕКРЕ тврди дека повеќе треба да ги следиме нашите интереси, а не да и помагаме на Украина“, рече Калас.
ЕКРЕ, партијата која, според испитувањата на јавното мислење, ќе заврши на второто место, се противи на преминот кон зелена енергија и ветува намалување на сметките за енергија.
Лидерот на партијата ЕКРЕ, Март Хелме, тврди дека луѓето „многу се уплашени за иднината, а главните партии, пред се владејачката партија, ги немаат вистинските одговори“.
Избирачките места ќе бидат затворени во 20 часот по локално време, а повеќето изборни единици во Естонија се очекува да ги објават резултатите до полноќ.
Третина од гласачите веќе гласале преку Интернет, а меѓу нив е и премиерката Калас.