„Партизанска“ е булевар, не автопат – сите учесници во сообраќајот мора да бидат безбедни

Фото: Фејсбук на МВР

Иницијативата „На Точак“ реагира по најновиот случај на прегазени пешаци на пешачки премин на булевар „Партизанска“, нагласувајќи дека овој булевар не е автопат со предност за автомобилите, туку простор каде сите учесници во сообраќајот треба безбедно да коегзистираат.

„Градските улици треба да бидат дизајнирани за смирено возење, а не за приоритет на моторниот сообраќај“, порачаа од „На Точак“, предлагајќи конкретни мерки за зголемување на безбедноста:

– Стеснување на лентите на 3 метри.
-Благо подигнати пешачки премини за ограничување на брзината под 50 km/h.
-Поставување недостасувачки семафори.
-Активирање на системот „Безбеден град“.

Од иницијативата потсетуваат дека пешачкиот премин е продолжение на пешачкиот простор и дека пешаците имаат предност кога нема семафор. Автомобилските ленти не смеат да бидат проектирани за прекумерни брзини, туку за безбедно и одговорно движење.

Зачлени се на нашиот е-билтен