Патиштата со зимски услови – Задолжителна употреба на зимска опрема

Фото: X/@gilotinja

По врнежите од снег, од 18:00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови возила, известија денеска од ЈП „Македонија пат“.

Поради снегот, од 15:25 часот е воведена и забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец Маврово – Дебар. Од 16:20 часот е воведена забрана и за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато. Додатно, од 17:00 часот забранет е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Според информации од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на повисоките места во западните и југозападните региони на државата има остатоци од кашест снег, кои се расчистуваат од дежурните екипи на „Македонија пат“.

Зачлени се на нашиот е-билтен