Петте закони кои се однесуваат на изградбата на Коридорите 8 и 10 Д попознати во јавноста како Закони за „Бехтел и Енка“, ќе бидат парафирани од претседателот на државата Стево Пендаровски.
На денешната прес конференција тој истакна дека измените и дополнуваењата на овие Закони се важни за напредокот на државата и не гледа ништо спорно ниту смета дека се противуставни.
„Во врска со дебата која се води во јавноста во последниов месец а се однесува на Законите кои се поврзани со изградбата на коридорите, ќе го дадам својот потпис. Станува збор за Закон за изменување и дополнувањеза работни односи, Закон за изменување и дополнување за експропирација, Закон за изменување и дополнување за градење, Закон за изменување и дополнување за урбанистичко планирање. Изминативе недели се разви дебата за Законите.Не спорејќи го правото за дебата сакам да укажам дека дебатата беше злоупотребена за поларизација, и ја отргна дискусијата во друг правец, односно имаше цел да ги загрози нашите стратешки аспирации.“, рече Пендаровски на денешната прес конференција.
Според Пендаровски Уставниот суд е единствената инстутуција која го дава последниот збор и тој не го спори правото да се реагираа до оваа институција.
Тој ја посдрави и работата на Комисијата за уставни промени и смета дека ефикасно ја врши својата работа.
„Како што повеќе пати истакнав, внесот на други народи нема да ја загрози безбедноста на државата“, рече Пендаровски.
Според него опозицијата сака да на власт па да разговараат за уставни измени.
Пендаровски ја коментираше изјавата на холандскиот амбасадор за Судскиот совет, и ги охрабри сите оние кои даваат европски пари што се влеваат во проекти на невладини организации или пак медиуми а кои се сомнителни и работат против државата да ги повлечат парите.
На новинарско прашање дали Пендаровски ќе се кандидира на следните претседалески избори, тој рече дека нхе размислува за тоа во овој момент.