Пендаровски не му предложил на Гоце Тодоровски да ги продаде рубините од Орденот

Македонскиот актер Гоце Тодоровски предизвика внимание во јавноста по гостувањето во подкастот на Стефан Лазаров, каде што изјави дека по добивањето на Орден за заслуги од претседателот Стево Пендаровски, му било предложено да ги продаде рубините од одликувањето.

„Орденот има осум позлатени пера и осум македонски рубини. Пендаровски ми рече – извади ги рубините и продади ги. Ми беше криво затоа што Орденот не носи автоматски национална пензија“, рече Тодоровски во емисијата.

Меѓутоа, според информациите на 24инфо.мк, ваквото тврдење не е точно. Редакцијата дошла до целосната видео-снимка од посетата на претседателот Пендаровски кај актерот, на која не се гледа ниту ќесе со орденот, ниту момент во кој Пендаровски му предлага на Тодоровски да ги „извади и продаде“ рубините.

Во врска со прашањето за националната пензија, извори од тогашниот кабинет на Пендаровски потврдуваат дека биле направени обиди преку препораки и лобирање актерот да добие државна награда што носи ваков статус, но тие напори не дале резултат.

Зачлени се на нашиот е-билтен