Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Сеќавањето на Холокаустот и борбата против антисемитизмот се историска и цивилизациска одговорност

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на израелскиот Кнесет, предводена од Хамад Амар, претседател на Парламентарната група за пријателство и соработка помеѓу Израел и Северна Македонија, која престојува во посета на земјава по повод одбележувањето на 80- годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка.

– Осврнувајќи се на претстојните комеморативни настани, на кои ќе се оддаде достојна почит за загубените животи на Евреите, претседателот посочи дека Северна Македонија ќе продолжи со своите заложби и политики за сеќавање на Холокаустот и борбата против антисемитизмот, како наша заедничка историска и цивилизациска одговорност, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

На средбата се разговараше за зајакнување на соработката меѓу двете држави на сите полиња и од тој аспект беше посочена и улогата на еврејската заедница во Северна Македонија, за која соговорниците изразија уверување дека и натаму ќе продолжи да го дава својот активен придонес за севкупниот развој на државата, како и во негувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за приниципиелната израеска поддршка во изминатиот период и изрази подготвеност за унапредување на севкупната билатерална соработка.

Фото: Кабиент на претседателот 

Зачлени се на нашиот е-билтен