Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Украина е морален победник – го обедини демократскиот свет

Претседателот Пендаровски вели дека нема дилеми дека Украина е веќе морален победник во конфликтот, бидејќи успеа зад својата кауза да го обедини демократскиот свет кој покажа невидена солидарност и поддршка во спротивставување на газењето на човековите права и посегањето по слободата на другиот.

-За сите оние кои мислат со својата глава нема никаква дилема дека руската агресија е војна на една диктатура против една демократија. Војна на минатото против просперитетот и во тој судир демократскиот свет нема право на пораз.

-Токму поради ова, уште на самиот почеток, како држава, заедно со нашите сојузници во НАТО Алијансата понудивме подршка и продолжуваме и понатаму да асистираме со хуманитарна, техничка и воена помош која е потребна за да се намалат загубите, санираат штетите и да се извојува конечната победа, изјави претседателот Пендаровски на конференцијата „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија..

Зачлени се на нашиот е-билтен