Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се привршува анализа за линеарно зголемување на сите пензии по 1.000 денари оваа есен и уште 1.000 денари напролет, мерка што треба да се усвои пред распишувањето на парламентарните избори.
Според планот, првото покачување би се пресметало во октомвриската пензија, а второто во април 2026 година (за пензијата што ќе се исплати во март). Така, секој пензионер би добил дополнителни 2.000 денари во следните шест месеци.
„Тоа е барање што пензионерите го искажаа на сите средби – сакаат рамно, а не процентуално зголемување“, изјави Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, додавајќи дека Владата веќе пресметува колкава сума треба да се обезбеди и по кој модел ќе се донесе одлуката.
Предлог‑законскиот текст, според премиерот, ќе биде доставен „многу скоро“, или преку скратена постапка во Собранието, или како иницијатива од група пратеници, за да се испочитува рокот пред официјалниот почеток на изборната кампања.
Финалната проценка на трошоците ќе зависи од точниот број на пензионери и од ребалансот на буџетот, чија подготовка, како што посочи Мицкоски, е веќе во тек.