Пешаците кои минуваат во близина на Порта Македонија се соочуваат со сериозна небезбедност. Поради градежни активности и целосно раскопан тротоар, тие се принудени да се движат директно по коловозот, меѓу возилата.
Во видео-материјалот што го објави порталот 4news.mk се гледа дека на местото се поставени само неколку сигнални столбчиња и црвено-бели ленти. Сепак, не е обезбедена јасно означена алтернативна пешачка патека.
Тротоарот моментално е непрооден, а сообраќајот во овој дел од центарот е исклучително густ, особено во попладневниот период. Ваквата ситуација создава значителен ризик како за пешаците, кои се движат по коловозот, така и за возачите кои ненадејно се соочуваат со луѓе на патеката за возила.
Извор: Скопјеинфо

