Петмина осомничени за пожарот во Кочани пренесени во затворот „Шутка“

Пет лица кои се осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 59 луѓе, а повеќе од 150 беа повредени, се пренесени во КПУ Скопје, познат како затворот „Шутка“.

Меѓу осомничените кои се наоѓаат во Шутка се поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, и екс-директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски. Судијата на претходна постапка им определи мерка „краткотраен притвор“ од 48 часа на Бектеши, Трајковски и уште 12 лица осомничени за инцидентот.

Основниот суд во Кочани го прифати барањето на обвинителството и одлучи да им се изрече краткотраен притвор на сите 14 осомничени, што ќе трае 48 часа. Судот постапува согласно предлозите на Обвинителството, во врска со трагичниот пожар во „Пулс“ во Кочани.

Зачлени се на нашиот е-билтен