Петок, ден за владини деманти

ВМРО‑ДПМНЕ денеска ги отфрли како „бугарска пропаганда“ тврдењата на порталот „Лупа.бг“ дека во 2008 година, додека сè уште не бил на премиерска функција, Христијан Мицкоски поднел барање за бугарско државјанство во конзулатот во Скопје, а подоцна се повлекол. Според написот, постапката наводно се одвивала во периодот кога конзул бил Венцислав Цветанов.

„Информациите дека Христијан Мицкоски барал бугарски пасош се фабрикација на бугарската пропагандна машинерија и нејзините платени слуги во Македонија. Вистината е едноставна: најсилната пречка за бугарските негирачки барања се ВМРО‑ДПМНЕ и Мицкоски“, се наведува во реакцијата на партијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен