Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петровска: Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка на турскиот народ

Изразувам длабоко сочувство до турскиот народ и нашите сојузници од Туркије, но и подготвеност за помош во овие тешки моменти за нашите пријатели, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил. – Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа и спасување на колку може повеќе човечки животи, објави Петровска на Фејсбук.

Додава дека нашиот народ знае што значи солидарност и подадена рака во тешки моменти кога ни е најпотребна.

Зачлени се на нашиот е-билтен