Петровска: Суштината на резолуцијата на СДСМ е околу неа да се обединат сите општествени чинители околу националните интереси

Суштината на резолуцијата

Суштината на резолуцијата на СДСМ е околу неа да се обединат сите општествени чинители околу националните интереси, смета пратеничката Славјанка Петровска.

Во дебата на ТВ 24 таа укажа дека резолуцијата е препорака за за важни прашања за иднината на државата за да може сите општествени чинители да дадат свој придонес.

„Резолуцијата може да се смета и како драфт, нацрт, кој на крај треба да биде прозивозивод на сите нас заедно како да продолжиме понатаму. Евроинтергариите не е процес не е само на една политичка гаринтура, тоа е процес што го водеа многу политички партии и одговорноста треба да ја прифатат сите“, рече Петровска.

Според Петровска, предлог резолуцијата на СДСМ е и одговор на неактивноста на власта на планот на европската интеграција на Македонија.

„Наместо репреговарање на преговарачката рамка и подобри услови за нашата држава во овој процес, како што ветуваше ВМРО-ДПМНЕ, а Македонија не е помрдната од мртва точка. Затоа на оваа резолуција треба да се гледа како на поттик да се мотивира власта за прашање за кое, очигледно, не е заинтересирана“, рече пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска.

Зачлени се на нашиот е-билтен