Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петровска : Преку билатерална соработка со земји членки на НАТО до решение за сајбер и хибридните напади во земјава

Пред неколку дена имавме средба со претставник од НАТО, кој дојде во земјата за да ја скенира ситуацијата со капацитетите на институциите кои се вклучени во борбата со сајбер и хибридните напади, изјави за ЦИВИЛ Медиа министерката за одбрана Славјанка Петровска по повод воената вежба сто се одржа денеска во Криволак.

На прашање од ЦИВИЛ Медиа, дали државата побарала помош од НАТО за справување со сајбер и хибридни напади, таа меѓу другото истакна дека сојузниците се тука за да даваат поддршка и да се помагаат меѓу себе, и дека веќе се разговара со која од земјите членки на Алијансата, ќе развиеме подетална билатерална соработка за адресирање на ова прашање.

Петровска понатаму нагласи дека го разбира интересот на јавноста, меѓутоа, институциите, вклучително и министерството за одбрана ги преземаат сите потребни активности за брзо разрешување на овој проблем.

Денеска на армискиот полигон „Криволак“ се одржа вежба со хеликоптери UH-60 (Black Hawk), на копнената војска на САД.

Назми Абдурахмани(ЦивилМедиа)

Најново